Леб со ореви и брусница: Нема да можете да му одолеете на ова сочно, меко и слатко тесто!

Неодоливо!

Ова слатко и миризливо тесто ќе стане дел од вашата традиција кога ќе го пробате

Состојки:
  • 4 шолји мешавина од интегрално и бело пченично брашно
  • 1/3 шолја кафеав шеќер
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче морска сол
  • 100 г путер, исечен на коцки
  • 1 јајце
  • 1/2 – 1 шолја млеко (проценете според густината на тестото)
  • 1/4 шолја минерална вода
  • 1 шолја брусница и/или суво грозје
  • 1/4 шолја сечкани ореви
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во голема чинија ставете брашно, шеќер, сода бикарбона, морска сол и добро измешајте, а потоа додајте путер и изгмечете го во брашното. Посебно изматете јајце со млеко и минерална вода и полека додавајте го тоа во сувите состојки, истовремено мешајќи со лажица.

На крај, додајте ги оревите и сувото овошје, замесете тесто, формирајте векна, засечете ја на неколку места со остар нож и печете ја во загреана рерна околу 45 минути.

Добар апетит!

Банана-леб од блендер: Само 4 состојки, а вкусот е вистинска магија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.