Кремаст колач што се топи во уста: Многу е едноставен за приготвување и не се пече!

Кремливо и вкусно

Кремаст колач со гриз што не се пече

Приготвувањето на овој колач е многу едноставно, а најдоброто од сè е што не се пече. Многу е кремаст и вкусно, а доколку го послужите директно од фрижидер, ќе добиете вистински освежителен десерт.

Состојки:

За подлогата:

  • 500 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 100 г гриз

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 75 г маргарин
  • 75 мл слатка павлака

За преливот:

  • 250 мл слатка павлака
  • 150 г чоколадо за готвење
Приготвување:

На подлогата: Ставете го гризот да се готви со млекото, па додајте шеќер. Потоа, варете го неколку минути со непрекинато мешање. Смесата префрлете ја во калап обложен со хартија и оставете ја да се олади.

На филот: Додека подлогата се лади, пригответе го филот. Во ладно млеко додајте шеќер и два пудинга од ванила. Сето тоа добро измешајте го за да не останат грутки, па ставете го на шпорет да се готви со непрекинато мешање. Варете неколку минути додека смесата се згусне, па оставете ја да се олади. Изматете маргарин и соединете го со филот. Додајте слатка павлака и мешајте до посакуваната цврстина. Филот распоредете го преку подлогата од гриз.

На преливот: Ставете слатка павлака на шпорет и додајте чоколадо да се стопи. Прелејте го колачот и ставете го да се лади.

Добар апетит!

Се топи во уста: Јапонски колач по кој сите полудуваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.