Долго бираше, па одбра 20 години помлада: Јавноста ѝ фрли пик на познатата манекенка зашто качила неколку килограми!

Џејсон Стејтам и Роуз Хантингтон-Вајтли

Џејсон Стејтам го поминал викендот на еден шпански остров во друштво на својата прекрасна девојка Роуз Хантингтон-Вајтли и колегата актер Џоел Еџертон

Познатиот холивудски актер Џејсон Стејтам го поминува слободното време најдобро што може, а друштво на островот во Шпанија му правеле пријателите и свршеничката Роуз Хантингтон-Вајтли.

Познатата двојка побарала спас од летните горештини во морето, а актерот ја повозел својата партнерка и на џет-ски. Потоа ги впивале сончевите зраци на палубата на јахтата.

Манекенката ја покажала својата одлична фигура по раѓањето на ќеркичката Изабела во зелен едноделен костим за капење, додека Џејсон ги скрил своите мускули во гаќички за пливање и црна маица со долги ракави.

На двојката и пријателите им се придружил и колегата на Џејсон, актерот Џоел Еџертон.

Оваа двојка често е мета на потсмев поради две работи, но тие ги победиле злите јазици и докажале дека нивната љубов е посилна од сè.

Имено, манекенката е неколку сантиметри повисока од Џејсон, па многумина ги исмејуваа поради тоа со години, а освен тоа, многумина мислеа дека оваа двојка нема да успее и поради тоа што постои голема разлика во годините меѓу нив. Меѓутоа, се случило токму спротивното и тие се среќни повеќе од десет години.

Нивната прва средба се случила на музичкиот фестивал Коучела во 2010 година, а шест месеци откако се запознале, почнале да живеат заедно. Џејсон ја запросил во 2016 година и иако се свршени повеќе од пет години, се чини дека не им се брза да стапат во брак.

„Ние сме најдобри пријатели. Ме засмејува секој ден и имам чувство дека пред него не сум имала вистински дечко“, изјавила Роузи во една пригода и додала дека децата секогаш ѝ биле поважни од бракот.

Освен ќерката Изабела, двојката веќе има петгодишен син Џек.

Тој е доказ дека сè уште постојат фраери: Изгледа како Аполон, може да ја има секоја, но со години ја љуби само неа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.