Тој е доказ дека сè уште постојат фраери: Изгледа како Аполон, може да ја има секоја, но со години ја љуби само неа!

Љубов за сите времиња

Само таа успеала да го смири најголемиот шармер во Холивуд

Џејсон Стејтам е роден на 26 јули 1967 година во Лондон, како син на барскиот пејач Бери и танчарката Ајлин. Уште како дете покажувал јасни знаци дека ќе се занимава со јавна професија.

Вели дека одамна престанал да брои во колку филмови се има појавено. Благодарение на талентот за глума, но и на совршениот изглед, да не се лажеме, успеал за кратко време да стекне огромна популарност.

Отсекогаш бил магнет за жени, а се чини дека неговата армија на обожавателки само се зголемува со текот на годините. Тоа не е ни чудно кога изгледа како Аполон! Џејсон со години напорно тренира, а резултатите се очигледни.

Не крие дека често добива непристојни понуди од жени. Како што самиот признал, му се додворуваат каде и да се појави, не грижејќи се за фактот што со години е оженет.

Иако може да ја има секоја што ќе ја посака, тој со години ѝ е верен на британската манекенка Роузи Хантингтон, кој е 20 години помлада од него. Актерот ја запросил на одмор на Тајланд со прстен вреден 234 илјади фунти.

Повеќепати има истакнато колку му значи нејзината поддршка и дека не постои жена на светот поради која би го прекршил брачниот завет.

„Одлично ни е дома. Ние сме уиграно дуо. Често се напиваме заедно и трчкаме околу базенот во градината“, се пошегувал актерот во една пригода кога го прашале како го поминува времето дома со 20 години помлада девојка.

Сантиметрите не се важни: Славните дами сакаат ниски мажи, разликата во висината е апсолутно небитна…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.