Имало ли кавга?: Зошто снаата на Викторија Бекам не се одлучила за нејзината венчаница?

Шоубизнис

Никола Пелц и Бруклин Бекам се венчаа на почетокот на пролетта.

Во едно заедничко интервју со сопругот Бруклин Бекам, Никола Пелц одлучи да го прекине молчењето околу гласините дека не е во добри односи со свекрвата, Викторија Бекам.

Во странските медиуми почнаа да кружат приказни за наводната кавга помеѓу снаата и свекрвата откако се одржа венчавањето во април.

Никола сега одлучи да објасни поради која причина не се одлучила за венчаницата која ја дизајнирала Викторија Бекам и наместо неа, одбра сосема друга.

„Сакав, навистина тоа го сакав и тогаш неколку месеци подоцна таа сфати дека нејзиното ателје не може тоа да го стори, па потоа морав да одберам друг фустан. Таа не рече „тоа не можеш да го носиш“, јас не реков дека не сакам да ја носам. Тоа се почна во медиумите, па потоа само се ширеше“, рече Никола за “Variety”.

Бруклин наведе дека меѓу нив е се во најдобар ред.

„Научив дека секогаш некој ќе се обиде да напише такви работи. Секогаш ќе се обидат да ги спуштат луѓето, но сите се сложуваат, што е добро“, заклучи Бруклин, пренесува “Mirror”.

Парот потоа премина на разговорот околу плановите за основање семејство, па Бруклин искрено изјави:

„Често и зборувам на својата сопруга, одвај чекам да бидам татко. Подготвен сум да имам деца, но секогаш кажувам, кога ќе посакаш ти“.

Никола веднаш се надоврза со зборовите дека сепак не планираат да се остварат во улогата на родители ни следната година:

„Не планираме да имаме деца ни во наредната година, но би сакале еден ден да имаме големо семејство, би сакале да имаме свои деца, па и да посвоиме“, вели Пелц.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.