Калорична и шеќерна бомба, но вреди: Брауни со Нутела

Неверојатен вкус

Нема да можете да им одолеете!

Состојки:

  • 70 гр путер
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 100 гр брашно
  • 3/4 лажиче прашок за пециво
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 350 гр Нутела
  • ½ лажички сол
  • 100 гр сецкано чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Квадратниот калап за брауни колачиња (20 х 20 см) обложете го со хартија за печење.

Измешајте го путерот со шеќерот во мека и лесна мешавина. Постепено додавајте ги јајцата и екстрактот од ванила. Продолжете нежно да мешате и додадете 300 гр Нутела и сол.

Додадете брашно и прашок за пециво и измешајте со дрвена лажица или шпатула. На крај, промешајте го исецканото чоколадо.

Пренесете ја смесата во подготвениот сад за печење и премачкајте ја преостанатата Нутела одозгора.

Обликувајте различни форми со врвот на ножот. Посипете со малку сол по желба. Печете ги брауните 30-35 минути и извадете ги кога ќе излезе чепкалката со која ја прободевте средината со само неколку трошки. Почекајте да се изладат целосно пред да ги исечете.

Идеја за главно јадење: Пилешко во сос од сенф и павлака: Сочно месо, полно со вкусови што ќе ве воодушеви!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.