Тотална трансформација на ентериерот без ниту еден потрошен денар: Овие 5 работи веднаш можете да ги направите!

Ќе се воодушевите

Нема потреба од скапо реновирање или големи инвестиции

Одвреме-навреме ни треба промена на изгледот на ентериерот за да се чувствуваме поубаво во просториите во кои поминуваме најмногу време. Но многу луѓе се откажуваат од тоа, бидејќи реновирањето или поголемите промени на ентериерот се доста скапи.

Затоа ви претставуваме 5 трикови со коишто целосно ќе можете да го промените изгледот на ентериерот без да потрошите ни еден денар!

1. Вклучете ја имагинацијата

Сликите не мора секогаш да висат на ѕидовите, особено на местата на коишто стојат со години. Искористете ги постоечките слики, огледала, врамени фотографии и постери и направете интересна композиција на полицата или на ѕидот од просторијата чиј изглед саката да го промените. Сликите од дневната соба можете да ги преместите во ходник, а деталите од ходникот во друга просторија. Ситниците прават голема разлика!

2. Променете го распоредот на мебелот

Доволно е само на столчињата и на каучот да им ги замените местата и собата ќе добие сосема поинаков изглед.

https://www.instagram.com/p/CEkdYGKhB4J/?utm_source=ig_embed

3. Внесете билки

Билките што ги чувате на тераса, внесете ги во просторијата за да ја освежите. Аглите пополнете ги со големи саксии со раскошни билки, а на масата за ручање можете да направите мини композиција од неколку минијатурни саксии.

4. Нов живот за полицата со книги

Отворените полици се одлични, бидејќи со нивна помош постојано можете да правите промени. Ако книгите ви стојат старомодно наредени една до друга, време е да го промените тоа – сортирајте ги по жанрови, раздвојте ги со убави украси, рамки, вазни или со саксии со цвеќе. Варијациите се бесконечни.

https://www.instagram.com/p/CElUgYYhDk5/?utm_source=ig_embed

5. Искористете ги прекривките и перниците

Ако имате убави прекривки што ги чувате, време е конечно да ги употребите – покријте го мебелот со нив. Истото направете го со декоративните перничиња. Ако веќе ги користите, променете им го местото, дел исфрлете ги од употреба и слично.

6. Променете им го местото на ламбите

Овој чекор ѝ дава нова светлина на просторијата и тоа буквално. Пробајте и веднаш ќе видите разлика.

Топ 9 трендови за уредување ентериер со малку пари: Ретрото и понатаму е најголем хит!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.