Еве како се прават принцес-крофни: Највкусниот кремаст десерт!

Принцези со нугат-крем!

Ако подготвувате славска трпеза, нема да погрешите со овој десерт

Состојки:

За тестото:

  • 5 јајца
  • 250 мл вода
  • 125 мл масло
  • 150 г екстра бело брашно
  • прстофат сол
  • 1 лажица шеќер
  • ½ прашок за печиво

За филот:

  • 1 л млеко
  • 200 г шеќер
  • 1 јајце
  • 5 жолчки
  • 150 г густин
  • 125 г путер
  • 150 г крем од лешници

Други состојки:

  • 250 мл слатка павлака
  • 30 г шеќер во прав

Приготвување:

Тестото:

1. Во тенџере се соединуваат водата, маслото, шеќерот и прстофат сол, па се вари додека зоврие.

2. Се трга од огнот па се додава белото брашно и се меша со лажица додека се згусне. Се враќа на огнот и кратко се вари, мешајќи цело време.

3. Во оладената смеса се додаваат прашокот за печивои едно по едно јајце, непрекинато матејќи со миксер.

4. Тепсијата се обложува со хартија за печење, смесата се става во слаткарски шприц и со помош на него се истиснуваат помали топчиња тесто, со дебелина 2 см. Се печат во загреана рерна на 200°С,додека поруменаткрофничките.

Филот:

1. Во тенџере си сипува 8 дл млеко, с е додава шеќер и се вари додека зоврие.

2. Посебно се мати остатокот од млекото со густинот, јајцето и жолчките. Сето тоа се додава во зовриеното млеко и се вари на умерена температура, непрекинато матејќи со лажица, до згуснувањето.

3. Во изладениот крем се додава омекнатиот путер и се мати со миксер. На крајот се додава кремот од лешници и се мати со миксер.

Финалната постапка:

1. Изладените крофнички напречно се сечат наполу и се полнат со нугат-кремот.

2. Преку тоа се нанесува од шлагот од слатка павлака и се прекриваат со горниот дел од крофничките.

3. Сите се посипуваат со шеќер во прав и се послужуваат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.