Вкусно јадење од лонец: Боранија со пилешки карабатак

Ќе ви ја стопли душата

Ако не можете да си го замислите ручекот без вкусно вариво, ова јадење е како измислено за вас

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 1 страк праз (само белиот дел)
  • 2 чешниња лук
  • 3 моркови
  • 1 поголем пашканат
  • 2 компира
  • 6 карабатаци
  • 500 г млада боранија
  • 200 г лупени домати
  • 2 полни лажици ајвар
  • 1 лажица пипер
  • 2 лажици сечкан копар
  • морска сол
  • црн пипер
  • масло

Приготвување:

1. Кромидот и белиот дел од празот се чистат и се сечат на коцки.

2. Морковите, пашканатот и компирите се лупат и се сечат на коцки.

3. Карабатаците се чистат од коските и кожата и се оставаат цели.

4. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и празот, а потоа се додаваат морковите и пашканатот. Се пржат на умерена температура, со непрекинато мешање, додека омекне зеленчукот наполу.

5. Потоа се додава пилешкото месо и боранијата и сето тоа заедно кратко се пропржува. Се додаваат копарот и компирот, па се налева вода и се вари на умерена температура десетина минути.

6. Се ставаат мелените лупени домати, се додаваат ајварот, пиперот, пасираниот лук и зачини по желба. Потоа се вари додека омекнат сите состојки, а јадењето ја добие посакуваната густина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.