Едноставни гриз-коцки без печење: Кремлив колач што се приготвува буквално за 20 минути!

Пробајте

Толку е лесен и вкусен што можете да го јадете без грижа на совест

Како да приготвите вкусен и лесен колач за миг? Испробајте ги овие гриз-коцки што и бебиња можат да ги јадат.

Состојки:
  • 1 л млеко
  • 1 јајце
  • 150 г шеќер
  • 180 г гриз
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 200 г путер
  • бисквити
  • 300 мл слатка павлака
Приготвување:

Во тенџере измешајте јајце и шеќер, потоа додајте гриз и промешајте, па додавајте го млекото малку по малку додека изматите сè убаво.

Ставете ја смесата на тивок оган и загревајте ја додека се згусне, па оставете го кремот да се олади.

Во кремот додајте екстракт од ванила и промешајте, а кога ќе се олади, додајте и путер, па изматете.

Ставете го колачот во калап така што ќе ги потопите бисквитите во млеко, ќе ги наредите во калапот, а одозгора ќе ставите фил. Преку филот додајте изматена слатка павлака, а на врвот посипете какао или чоколадо.

Сочен гриз-колач кој е вистински доказ дека наједноставното е секогаш најдобро!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.