Калиопи прозобре за синот Пако: „Иако одлучи да не се занимава со музика, тој…“ (ФОТО)

Ретко зборува за него

Една од најголемите ѕвезди на забавна музика на овие простори, Калиопи Букле се сретнала со медиумите на едно снимање во Белград и во таа пригода ја прашале како реагираат белграѓаните кога ќе ја сретнат на улица.

Природно, многу спонатно. Луѓето ми се обраќаат како на некој свој. Како да се познаваме и како да сме некои стари познаници и тоа она што мене ми импонира – рекла Калиопи за „Курир“.

Кога е во Белград, таа задолжително се гледа со Жељко Самарџиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Пред се’, тој е мој пријател и се познававме пред да снимиме дует. Поминувавме време заедно во секоја можна пригода. Ние сме некако и семејно поврзани, јас за него, тој за мене  – додала пејачката.

Калиопи само во Србија, а никогаш во Македонија зборувала и детално за својот син Пако, односно дека тој е ден од нејзините најголеми критичари.

Пако е еден од главните критичари, некој кој на мене и на неговиот татко е многу важен во таа улога, бидејќи, иако одлучи да не се занимава со музика, тој многу добро слуша – рекла пејачката.

Како најважна работа во родителството, таа го издовила следното:

Не постојат совршени родители, но постои една единствена совршена работа, а тоа е љубовта. Љубовта што се трудиме да им ја пружиме на своите деца и да ги научиме да сакаат луѓе – заклучила таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.