Фотографија што го расплака целиот свет: Еве како би изгледала денес непрежалената принцеза Дијана кога би имала 62 години!

Создадена е со помош на вештачка интелигенција

На социјалните мрежи кружи фотографија што покажува како би изгледала принцезата Дијана денес кога би била жива

Со крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кралското семејство повторно се најде во центарот на вниманието, а многумина се прашуваа како би изгледало сето тоа кога покојната принцеза Дијана би била жива.

Многумина мислат дека омилената принцеза никогаш не би дозволила нејзините деца принцот Вилијам и Хари да бидат од спротивставени страни и да настане јаз меѓу нив.

За жал, судбината имала други планови, па така на 31 август 1997 година, Дијана и нејзиниот партнер Доди Фајед загинале во ужасна сообраќајна несреќа.

По смртта на Дијана, грижата за Вилијам и Хари ја презел татко им Чарлс, како и братот и сестрата на нивната мајка. И покрај тоа, тие не ни биле поканети на крунисувањето, барем ако може да им се верува на британските медиуми.

Меѓутоа, народот никогаш не ја заборави Дијана и не престана да ѝ се восхитува. Според многумина, иако се развела од Чарлс, таа била единствената која била достојна да биде кралица, токму поради топлината, однесувањето, рушењето на табуата и поместувањето на границите, по што била препознатлива. За жал, официјалната титула на кралица ѝ припадна на Камила, но Дијана засекогаш остана кралица на срцата!

„Само една е Дијана“, „Само неа ја признаваме за кралица“, „Камила не е достојна“, и слични коментари, сè уште може да се прочитаат на официјалните профили на членовите на кралското семејство.

Многумина не престануваат да се прашуваат што би било кога би била жива или барем како би изгледала Дијана денес, па така не е ни чудно што оваа фотографија стана вирална прекуноќ.

Имено, веб-порталот на руското издание на магазинот „Хелоу“ објавил фотографија добиена со помош на вештачка интелигенција, на која Дијана е прикажана на 62-годишна возраст, во свечена, префинета тоалета. Со некоја брчка повеќе, елегантна и достоинствена, ова можеби навистина е најверниот приказ на омилената принцеза.

Кратко потоа на Твитер се појавила друга фотоманипулација на која леди Ди не е толку дотерана, но сепак е неодолива.

https://twitter.com/memoteka2/status/1578826747927490560?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1578826747927490560%7Ctwgr%5Ee4f57372cbf8d8cff51d0375c1dc41ed9a8e97c1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F200547%2Fkako-bi-danas-izgledala-princeza-dajana

Овие објави истовремено ги разнежнија и растажија луѓето кои не престануваат да коментираат дека им е жал што сè се завршило на толку трагичен начин. Сепак, споменот за Дијана и понатаму живее во срцата на оние што ја обожаваат.

Гламурозните внуки на принцезата Дајана: Леди Кити Спенсер има сестри близначки (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.