Тајно се ожени Андрија Милошевиќ: Не сакавме детето да биде без татко!

Криеле од јавноста...

Актерот Андрија Милошевиќ на почетокот на минатата година стана татко на кое тој и неговата партнерка Александра Томиќ му го дадоа името Реља, меѓутоа често многумина го прашуваа кога ќе се жени.

Тој сега открил дека склопил брак со Александра уште пред раѓањето на синот, но дека сето тоа го направиле во тајност.

Со оглед на тоа дека партнерката на Андрија, а од неодамна и сопруга, скоро изјави дека бракот е нешто што не ја привлекува, многумина мислеле дека парот нема намера да „застане на лудиот камен“. Меѓутоа, изгледа актерите се предомислиле…

До венчавка сепак дошло, откриле тие во една емисија. Како што потврдил актерот, дваесетина дена пред да дојде на свет нивниот наследник.

Се венчавме во црква на 1-ви февруари 2022 година, дваесет и пет дена пред Реља да дојде на свет, ова првпат ексклузивно го кажуваме за тебе. Се’ беше многу интимно, само кумовите и неколку пријатели беа со нас – рекла Александра, додека на тоа се надоврзал и Андрија:

Се венчавме за да не биде детето без татко – се пошегувал актерот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.