Чоколадни коцки

Се топат в уста!

Исклучително вкусен и ароматичен десерт за сите љубители на чоколадото.

СОСТОЈКИ:

За подлога:

300 г мелени бисквити

200 мл сок од портокал

3 лажици шеќер во прав

50 г маргарин

За фил:

500 мл слатка павлака

2 лажици шеќер во прав

100 г бело чоколадо

100 г темно чоколадо

2 кесички желатин

За глазура:

100 г темно чоколадо

100 г бело чоколадо

2 лажици масло

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Подлога:

  1. Соединете го мелениот кекс со шеќерот во прав.
  2. Додајте ги растопениот маргарин и сокот од портокал, па добро промешајте.
  3. Обликувајте подлога од смесата, со дебелина од 5 мм.

Фил:

  1. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
  2. Прелијте го желатинот со 12 лажици ладна вода и оставете го да набабри.
  3. Додајте го желатинот во слатката павлака, па поделете ја смесата на 2 дела.
  4. Растопете го белото чоколадо, замешајте го во еден дел од филот, а во другиот додајте го растопеното црно чоколадо.

Финална постапка:

  1. Врз подлогата, прво нанесете црн фил, па бел, па оставете да се стегнат, па исечете го колачот на коцки.
  2. За глазурата, растопете ги чоколадите со по 1 лажица масло, потоа, прелијте ги коцките и оставете ги додека се стегне глазурата.

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.