Кралска десетка: Мајсторски стилизиран волнен џемпер во изведба на шпанската кралица Летиција (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Прекрасен есенски стајлинг во кој се заљубивме!

Кон крајот на минатата недела, кралицата Летиција отпатува во посета на Базел, Швајцарија, за да ја отвори изложбата посветена на сликарот Франциско Гоја.

Нејзиното Височество уште еднаш маѓепса со својот елегантен изглед, со потпис на шпанскиот моден бренд за „бавна мода“ Is Coming, со што уште еднаш ја изрази својата поддршка за шпанската мода.

Шпанската кралица му остана доследна на својот беспрекорен стил, кој се базира на добро скроена облека изработена од природни материјали и класични додатоци, а изборот на нијанси и материјали е она што прави огромна разлика и токму во нив може да се насети нејзиниот личен печат.

Во оваа пригода, кралицата Летиција се одлучи за темнозелен џемпер од волна со овално деколте и широки ракави и тесно здолниште направено од брокат во ист тон.

Целиот стајлинг е заокружен со класичен пар салонки во совршена темна нијанса, како и мини-чанта во истата боја.

profimedia-0637188411.jpg

Фото: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.