Свинско филе со пиперки

За 4 лица

За посочно месо, пред јадење можете да го посипете со малку лимонов сок.

Состојки:

500 г свинско филе

1 кромид

2-3 пиперки

1 чешне лук

сол

црн пипер

2 лаворови листа

гранче од рузмарин

масло

Приготвување:

Исечете го свинското филе тенко по должина, во круг, така што да добиете поголема шницла. Зачинете го со сол и со црн пипер од двете страни.

Пропржете ги ситно сечканиот кромид и пиперките во малку дозволено масло, па додајте ги лукчето, лаворовиот лист и зачини по желба и динстајте неколку минути да омекне зеленчукот.

Распоредете го филот од пиперки врз месото, завиткајте го во ролат и врзете го со коноп. Посипете со рузмарин и запечете во загреано масло од сите страни да фати коричка.

Ставете во плех малку вода и ставете го ролатот да се пече во рерна 30-тина минути. Повремено поливајте го месото со сокот од печеното.

Кога е готово, извадете го од рерна и оставете го малку да се излади, па исечете го на парчиња и сервирајте со динстан зеленчук.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.