Богатство од вкусови: Побарајте го најновиот број на магазинот „Добра храна“

Сити и вити!

Дознајте што се’ ќе читате во најновиот број на вашиот омилен кулинарски прирачник

Додека ги одбројуваме последните денови од зимата, расположени сме да уживаме во поинакви варијанти на добро познатите рецепти, но и да испробуваме сосема нови деликатеси.

Нашите гастро-мајстори, како и секој број така и овој, ви приготвија специјалитети за паметење.

Ниските температури сè уште не се целосно зад нас, па затоа не исфрлајте ги од менито топлите домашни варива и супи (густата супа од сладок компир ќе ви ја стопли душата!).

Густа супа од сладок компир

Сепак, понекогаш сите заслужуваме малку одмор и време за себе, па во тие случаи, брзите и вкусни јадења се повеќе од добредојдени! Ние ќе ви покажеме дека не мора да поминувате часови во кујната за да приготвите совршен ручек – пржениците од месо се одличен избор.

Прженици од мелено месо

А дали знаете дека можете да ги подобрите мирисот и вкусот на јадењето со фламбирање? Дознајте како на нашите страници!

Фламбирани палачинки

Ако се прашувавте кога е идеалното време за домашни слатки, ние велиме – СЕКОГАШ. Тортата-ролат што ја краси насловната страница ќе ве остави без зборови.

Уживајте во богатството од вкусови скриено низ содржините на нашиот кулинарски прирачник и гответе добра храна!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.