Секоја жена со облини мора да ги знае: Мали стилски трикови за прикривање на килограмите на стомакот и колковите!

Фигура од соништата!

Со овие трикови, сечија фигура може да изгледа идеално

Секоја жена има барем еден дел од телото со кој не се гордее и кој би сакала да го промени, а со овие трикови, совршената фигура не е недостижна.

Доколку имате по некој килограм вишок на стомакот или колковите, не грижете се, овие стилски финти ќе ви помогнат.

Гардеробата, кога е добро искомбинирана, навистина може да измами и да создаде изглед каков што сакате. Водете се според овие правила…

Заборавете на тесната гардероба

Во тесна гардероба, сите несовршености ќе дојдат до израз, па затоа заборавете на неа. Еднобојните парчиња со поширок крој се вашиот главен сојузник. Не мора да бидат исклучиво во црна боја. И монохроматскиот стајлинг во беж боја ќе направи фигурата да ви изгледа вито. Широките, лелеави кроеви се полн погодок.

https://www.instagram.com/p/B22B_mdow09/?utm_source=ig_embed

Вертикалните линии играат клучна улога

Вака поставените линии ќе ви ја направат фигурата повита и поиздолжена. Фустаните или комбинезоните се вистински избор во овој случај, бидејќи ќе ви дадат најдобар ефект.

https://www.instagram.com/p/B8ZY3FGh-bo/?utm_source=ig_embed

Ставете акцент на делот од телото што го сакате

Ако сакате да го сокриете стомакот, тогаш ставете акцент на градите или нозете, но без претерување. Дискретното деколте ќе биде доволно за да го тргнете вниманието од стомакот.

Фустани под колена и подолги

Фустаните со должина под колена, на преклоп, се вистински избор за вашата фигура. Овој крој најмногу ќе ви ласка.

https://www.instagram.com/p/B2KNc7LIqko/?utm_source=ig_embed

Панталоните со висок струк се најдобра опција

Заборавете на фармерки со низок струк. Нив можат да ги носат само дами со совршено извајана фигура. Доколку сакате визуелно да ги намалите колковите и стомакот, одберете ги оние со длабок струк. Во нив нозете изгледаат подолги, а целата фигура повита.

https://www.instagram.com/p/B6vzpPVIS82/?utm_source=ig_embed

Кардиганот ќе ги маскира сите вишок килограми

Кардиганот одлично оди со фармерки, но и со здолништа и фустани. Како создаден е за прикривање килограми на овие критични делови од телото. Тој ќе воспостави рамнотежа и ќе го балансира изгледот на фигурата.

https://www.instagram.com/p/B7HCZ48IuXG/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.