5 рецепти за здрава и вкусна вода збогатена со овошје и билки

Брзо, лесно и вкусно!

Добивањето доволно вода е многу важно за здравјето на луѓето и имунитетот. Водата ја користи мозокот за производство на хормони, таа носи хранливи материи низ телото и ја регулира телесната температура.

Но, за многумина, обичната вода е „здодевна“ и понекогаш е тешко да се внесува доволно секојдневно. Истражувањата покажаа дека витамините додадени на ароматизирана вода и сокови не придонесуваат за човечкото тело и се полни со шеќер. Ако сакате да пиете нешто поразлично и поздраво, водата збогатена со овошје и билки е одличен избор. Ви донесовме 5 рецепти за овошна вода во кои ќе уживате:

Вода со босилек и портокал

Состојки:

  • Половина литар обична или газирана вода
  • Мраз
  • Портокал
  • Свеж босилек

Ставете вода во тегла, додадете мраз и исечен портокал и босилек по желба. Промешајте и сервирајте.

Вода со јагоди, свежа краставица и босилек

Состојки:

  • 3 ливчиња босилек исечени на поголеми парчиња
  • Една исечена јагода
  • 3 до 5 парчиња свежа краставица
  • Мраз
  • Вода

Ставете ги сите состојки во голема чаша, истурете вода. Оставете да отстои пет минути и сервирајте со мраз.

Вода со лимон и малини

Состојки:

  • Две чаши малини
  • Осум чаши вода
  • Еден голем лимон, исечен на парчиња
  • Една сува урма

Ставете ги сите состојки во голема тегла, истурете ја со вода и оставете ја да се излади најмалку еден час во фрижидер.

Вода со јагоди, нане и портокал

Состојки:

  • Грст свежо нане
  • Половина чаша исечени јагоди
  • Половина портокал, исечен
  • 4 децилитри вода

Ставете ги овошјето и нането во мала тегла, прелијте ги со вода и оставете ги во фрижидер преку ноќ.

Вода со ананас и ѓумбир

Состојки:

  • Една чаша свеж ананас на коцки
  • 5 сантиметри ситно сецкан или рендан ѓумбир
  • 2 литри вода

Ставете ананас и ѓумбир во голема тегла, потурете со вода и ставете ги да се оладат во фрижидер. Ако сакате посладок вкус, прво можете да го турнете ананасот во тегла, а потоа да додадете вода.

Прочитајте и: Само за гурмани: Домашна туршија со грозје и лути пиперчиња

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.