Трик што го воодушеви целиот Интернет: Еве како практично да ги искористите старите пластични шишиња! (ВИДЕО)

Практично!

Со малку креативност, од пластичните шишиња може да се направат безброј интересни работи, од декорации до предмети што ќе ви го олеснат животот

Со неколку трикови, од едно пластично шише можете да направите неверојатни и практични работи што ќе ви заштедат многу пари, но и добро ќе ви дојдат како прва помош, па не е ни чудо што ова видео има милионски прегледи.

Звучи неверојатно, но од пластичните шишиња можете да направите повеќе од 30 корисни работи, што ќе ви помогнат во организацијата на домот и ќе ви го олеснат домаќинството.

Рециклирањето не е единствениот начин на зачувување на животната средина. Кога ќе ја испиете течноста од пластичното шише, направете нешто корисно од него. Се надеваме дека овие идеи ќе ве инспирираат да направите нешто интересно, но и да се забавувате истовремено.

Од саксии и хранилки за птици до садови, цедалки за лимон и декорации, сето тоа можете да го направите само од едно пластично шише.

За да ви бидат садовите добро организирани, искористете поголемо шише и по неколку потези ќе имате сушач.

Мокриот чадор повеќе нема да ви биде проблем. Од шише можете да направите држач кој ќе можете да го користите во автомобилот и кој ќе ве поштеди од маки.

Во следново видео погледнете ги сите 38 предлози…

Кулинарски трикови за почетници: Како да го наострите ножот, да го омекнете путерот…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.