Кулинарски трикови за почетници: Како да го наострите ножот, да го омекнете путерот…

Од мајсторите на занаетот

Ви откриваме неколку трикови со кои се служат дури и искусните готвачи во кујната.

1 За да не ви се мрда по пултот на работната масичка штицата за сечкање месо, риба и зеленчук додека работите, ставете две гумички на двата нејзини краја.

2 Ако ножот за сечење месо не ви е доволно остар, а немате класично острило при рака, послужете се со керамичка шолјичка, каква што сигурно имате во кујната. Свртете ја наопаку, па на рабовите на нејзиното дно притискајте го и повлекувајте го сечилото.

3 Путерот кој штотуку сте го извадиле од фрижидер можете да го омекнете за кратко време така што ќе го ставите на чинија и ќе го поклопите со стаклена чаша. По некое време, подигнете ја и употребете го стопениот путер.

4 Ако сакате да приготвите колач, а сите плехови ви се преголеми за таа намена, земете поголемо парче алуминиумска фолија, превиткајте ја на ширина од три сантиметри и поставете ја како преграда по средината на плехот. Рабовите можете да ги свиткате од око, а преградата да ја поместувате по потреба.

Текст: „Добра храна“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.