Традиционални кифлички со ореви: Рецепт на унгарските домаќинки што се пренесува со генерации!

Неодоливиот вкус на традицијата

Овој стар традиционален рецепт е неверојатно едноставен, но вкусот не може да се опише со зборови!

Состојки:
  • 400 г брашно
  • 250 г маргарин
  • 100 г шеќер во прав
  • 200 мл млеко
  • 100 г мелени ореви
  • 1 лажица масло
Приготвување:

Во поголем сад ставете брашно, маргарин, шеќер во прав, мелени ореви, масло, млеко и замесете тесто со раце. Оставете го тестото да отстои еден час.

Потоа, од тестото формирајте топчиња со големина на орев и на набрашнета работна површина, расукајте мали кори од нив. Од корите формирајте кифлички и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови.

Наредете ги топлите орев-кифлички на чинија за послужување и посипете ги со шеќер во прав.

Добар апетит!

Универзално тесто за кифлички: Солени или слатки, изборот е ваш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.