Ретро-крој што повторно ја освојува модната сцена: Секоја жена изгледа како милион долари во овој модел на здолниште!
Во тренд
Ова модно парче е главен фаворит летово
Ако сте љубители на бохо-стилот, ќе ве израдува информацијата дека здолништата со реси се враќаат на големата врата и уште еднаш ја освојуваат модната сцена. Овој крој мора да се најде во вашиот плакар, ако се сметате себеси за модерна дама, барем според експертите.
Првата асоцијација за ова здолниште е женственоста, а благодарение на овој крој секоја дама изгледа како милион долари. Тесното здолниште ги нагласува облините, а ресите создаваат вистинска магија додека одите. Совршен детаљ што сечија фигура ќе ја направи заводлива.
https://www.instagram.com/p/CAVpONfJiB1/?utm_source=ig_embed
Во зависност од остатокот од стајлингот и начинот на кој ќе го комбинирате, ова здолниште може да биде дел од лежерна, но и од елегантна модна комбинација. Лесно се усогласува со патики, рамни сандали, но и со потпетици. Кој стил и да го претпочитате, со ова здолниште ќе можете да го надградите. Подолги, кратки или модели со средна должина – сите доаѓаат предвид.
Еве како познатите блогерки го носат ова впечатливо парче што ќе ја обележи летната сезона…
https://www.instagram.com/p/B2m0oGoDba5/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B9PmBX8Hvfx/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B1UE5Hpn7-C/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAZTNiiHoeo/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAN8mZLHGUE/?utm_source=ig_embed