Ролетните на прозорците собираат многу прашина, еве како да ги исчистите брзо и лесно

Не чистете ги со обична вода и крпа, туку следете ги овие упатства.

Ролетните на прозорците се една од оние работи што многумина забораваат да ги исчистат – како праг на прозорецот и прекинувач за светло – и, велат експертите, тоа треба да се прави еднаш неделно.

Не грижете се, нема да поминувате многу време еднаш неделно за чистење на овој дел од куќата, барем не ако ги следите овие методи. Она што ви треба за работа е микрофибер крпа, правосмукалка и тенок додаток, чист чорап и алкохолен оцет.

Прво затворете ги и нежно избришете ги со крпа. Потоа отворете ги и повторно поминете ги со крпа и повторете го процесот на отворање-затворање неколку пати додека не го отстраните првиот слој прашина. Потоа земете правосмукалка, ставете тенок додаток и вакуумирајте ги ролетните од горе надолу.

За темелно чистење, земете оцет и вода, измешајте ги во еднакви размери, повлечете го чорапот преку раката, натопете го во растворот и поминете ги ролетните. Оставете да се исушат.

Она што во никој случај не треба да се направи е да се прскаат ролетните со освежувач на воздухот, бидејќи нечистотијата може да се залепи на неа во дебел слој.

Прочитајте и: Со трик од 5 секунди откријте дали месото е скапано или свежо

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.