Со трик од 5 секунди откријте дали месото е скапано или свежо

Обрнете внимание

Старото месо ќе биде во крвава вода, потемна боја или ќе има сивкаста боја. Свежото месо може да се види по неговата цврстина и разновидност, а најдобро е да купите месо домашно или од регионот.

Бидејќи не се знае колку време месото останува во фрижидер во продавницата, постојат некои знаци кои можат да откријат дали тоа месо е свежо или не. Бојата, количината на крвава вода и деловите со бели ленти откриваат колку време стоело месото.

– Ако месото лежи во крвава вода, тоа значи дека е старо – рече Елизабет Роесике од германскиот земјоделски центар. И за да го видите тоа, потребни ви се само неколку секунди за да го набудувате спакуваното месо.

– Маснотиите му даваат арома на месото – вели Росике и додава дека квалитетно месо треба да има малку интрамускулна маснотија, а тоа може да се забележи во белите ленти кои личат на вените со кои месото е набраздено.

Најдобро е секогаш да купувате домашно свежо месо, но тоа не е секогаш можно, па затоа е подобро да се избере месо кое е од регионот, бидејќи не патувало долго до продавницата. Покрај информациите напишани на пакувањето, треба добро да го погледнете и месото.

Бојата на месото зависи од видот – телешкото месо треба да биде светло, но не и бело, исто како кај живината. Свежото говедско месо е со средна црвена боја, а не со темно црвена боја, а свинското е со бледо розова боја.

„Ако видите сиви нијанси на месото – бегајте“, истакнува Роесике.

Цврстината на месото е исто така јасен показател за свежината. Кога ќе го притиснете месото со прстот, ако е свежо, брзо ќе се врати во првобитната положба, а ако е старо, ќе остане вдлабнатина. Површината на месото треба да биде сјајна.

Прочитајте и: Газираните сокови не се лоши само за телото: Еве како сè влијаат на здравјето на мозокот

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.