Послушала совет од Интернет и ги измила јагодите во солена вода: Погледнете што сѐ излегло од нив! (ФОТО)

Не е за оние со слаб стомак

Треба да стојат само 5 минути

Пристигна сезоната на јагоди, омиленото овошје на многумина, но по овие фотографии, можеби ќе посакате да најдете нов фаворит помеѓу овошките.

Имено, се верува дека добро е да се измијат јагодите во солена вода, бидејќи во нив живеат разни пајаци и многу ситни инсекти. Како и повеќето од нас, новинарката Криста Торес досега ги миела само во вода, па одлучила да се увери дали има вистина во тоа.

Наполнила сад со вода на собна температура и оцет во размер 4 спрема 1 и малку сол. Ги ставила јагодите во тој раствор и ги оставила така да отстојат 5 минути.

Бели црвчиња

Иако не видела пајаци во водата, кога ги погледнала јагодите одблиску била ужасната, бидејќи од нив излегле мали бели бубачки, што личат на црви. Тврди дека ги видела на шест до осум јагоди од оние што ги ставила во садот.

https://www.facebook.com/lauren.gambrell/posts/10215384375317464

Според LiveStrong, измивањето на овошјето и зеленчукот со солена вода може да помогне во отстранувањето пестициди, а особено нечистотии и инсекти. Белите црвчиња што ги видела новинарката се потомци на оцетните мушички на плодот, еден вид вински мушички. Женките ги положуваат своите јајца во овошјата кои штотуку почнуваат да созреваат, особено во боровинки, јагоди и малини.

Всушност, научниците велат дека сите ние со години јадеме бубачки, само што никогаш не сме размислувале за тоа, ниту сме ги забележале.

Како да се заштитите од пестициди во рано овошје и зеленчук?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.