Кралицата Летиција во панталоните во кои верува секоја жена: Можеме да ги носиме на 100 начина! (ФОТО)

Погледнете како ѝ стојат

Шпанскиот кралски пар последниве два месеца повеќето од своите обврски ги извршува во палатата Зарзуела. Исклучок бил деловниот состанок со претставниците на фондацијата COTEC чиј почесен претседател е шпанскиот крал

Брачниот пар пристигнал на состанокот со задолжителните додатоци во оваа нова нормална ситуација. И Летиција и Фелипе носеле заштитни маски и ракавици.

https://www.instagram.com/p/CAbKFsFlk3b/

Кралицата и во овие нови услови и понатаму му е верна на одличниот деловен моден израз, па за оваа пригода одбрала многу децентна и примерна комбинација. Јакната од твид ја искомбинирала со едноставни црни панталони и салонки во истата боја.

https://www.instagram.com/p/CAXa0YAIt_J/

Кога ќе снемате инспирација за облекување или само сакате да играте на сигурно, одберете неутрални панталони што може да се носат во сите пригоди, како што се црните модели.

https://www.instagram.com/p/CAbJ7gRHJTI/

Секоја жена верува во овие панталони и ќе ги одбере оние што се скроени по нејзин вкус. Рамни, со линии, широки – можностите се бесконечни. Обожаваме црни панталони, затоа што се сестрани и навистина се незаменлив дел од женскиот плакар!

Брижит и Летиција во наједноставните комбинации: Вака се облекуваат моќните и префинети дами!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.