Како максимално да се искористат топачите на масти?

Помагаат во согорувањето калории

Летото се приближува, а со тоа започнува процесот на намалување на вкупниот процент на телесна маст за зголемување на мускулната маса. Намалување на дневниот внес на калории и воведување кардиотренинг е вистинскиот начин за да се постигне таа цел.

Сепак, топачите на масти може да помогнат во согорувањето калории.

Внимавајте на дневниот внес на калории
Дефицит од калории значи дека дневниот внес на калории е помал од вкупната потрошувачка. Проблемот е во тоа што прекумерното вежбање и внесувањето малку калории може да доведат до брзо намалување на силата и да го забават метаболизмот. Затоа, обрнете посебно внимание на внесот на протеини за да не се загуби мускулатурата.

Приспособете ги оброците според типот на топачот на масти
Пред да купите топач на масти, треба да знаете дека секој од нив реагира различно и дава максимални резултати во специфични услови. Некои согорувачи на масти е препорачливо да ги земате на празен стомак, додека други реагираат позитивно со паралелен внес со други хранливи материи.

 

Не заборавајте да побарате совет од експертите на Polleo Sport при купувањето и внимателно прочитајте ги упатствата на производот.

Внесувајте доволно количество вода
Еден од најкорисните совети за нашето здравје, а исто така и за побрзо топење на маснотиите, е доволен внес на вода.

Водата е извор на живот и енергија за сè што правиме во текот на денот, така што несоодветната хидратација на организмот ќе предизвика послаби тренинзи и резултати.

Редовното внесување вода доведува до таканаречена метаболичка флексибилност, односно подобро искористување на јаглехидратите и мастите при производството на енергија потрошена од дневните активности.

Целата понуда на топачи на масти може да ја најдете во продавниците на Polleo Sport или онлајн на www.polleosport.mk.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.