Посилни и побезбедни од кој било пестицид: Избркајте ги мувите, комарците и мравките со помош на овие моќни билки!

Незаменливи и делотворни!

Пред да го запрашите целиот дом со штетни хемиски средства, пробајте природни решенија за вашиот дом и градина

Со порастот на температурите дојде и до пораст на бројот на инсекти. Без разлика дали живеете во град или на селo, убодот од овие ситни бубачки дефинитивно може да ви го расипе денот. Иако претпоставуваме дека досега сте се обиделе да се ослободите од нив со различни средства, дали сте пробале и природни алтернативи?

Постои цел еден растителен свет кој ефикасно се бори со здодевните инсекти. Некои можеби ги имате во вашето непосредно опкружување, а не сте знаеле за нивниот чудотворен ефект.

Освен тоа, тие можат многу едноставно да се засадат во саксии внатре во домот или во дворот и на тој начин да си обезбедите пријатни мигови во текот на летото, без убоди од инсекти.

Пчелите го обожаваат пријатниот мирис на овие цвеќиња, меѓутоа повеќето други бубачки, меѓу кои се и комарците, молците и болвите, ќе се држат подалеку од него. Ред виолетови цветови на прозорецот, во саксија покрај влезот во домот или во градината, се сосема доволни за да се спречат несаканите посетители.

Рузмарин

Ако сте во потрага по собна билка која ефикасно одбива бубачки, рузмаринот е вашиот сигурен потег. Освен во домот, рузмаринот успева и во краиштата каде што владее сува и исклучително топла клима. Рузмаринот е највлијателен за бркање полжави од вашата околина. Освен тоа, згодно е да се има оваа билка во близина, кога ќе ви треба супер зачин за вечера.

Хризантема

Кога станува збор за билки кои одбиваат мравки, овие украсни цветови се наоѓаат на самиот врв. Всушност, соединението што се наоѓа во хризантемите, а се вика пиретрин, поради својата ефикасност се користи во многу комерцијални спрејови против инсекти. Ако сакате да се ослободите од крлежи, комарци, мравки и други бубачки, хризантемите се вашиот најдобар избор.

Лимонова трева

Можеби веќе сте запознаени со магичните својства на лимоновата трева, меѓутоа, дали сте знаеле дека цитрусниот мирис на оваа билка многу ефикасно одбива комарци? Освен што маслото направено од лимонова трева се користи за приготвување вкусни специјалитети, впечатливиот мирис што вие го обожавате, инсектите не го поднесуваат.

Босилек

Како неизоставна состојка во сите тестенини, салати и ефикасно средство за отстранување инсекти, босилекот е ваш сојузник и во борбата против комарци. Оваа миризлива зелена билка е апсолутно токсична за ларвите на комарците, за возрасните комарци и за здодевните муви. Босилекот можете да го одгледувате и во затворен простор, само погрижете се билката да се наоѓа на страната од просторијата каде што паѓа многу сонце.

Откриваме: Што привлекува комарци и дали можете да ги избегнете?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.