Откриваме: Што привлекува комарци и дали можете да ги избегнете?

Што велат експертите?

Без оглед колку и да се обидувате да ги избегнете комарците и без разлика колку користите разни препарати, тие буквално се држат до некои луѓе. Постојат добри причини зошто е тоа така.

Ги привлекува вашиот здив

Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис. Женките ги вклучуваат сите свои сетила да одлучат дали сакаат да каснат некого или не. Јаглерод диоксидот што луѓето го издишуваат заедно со разни хемикалии создава мирис што комарците можат да го намирисаат дури и кога се наоѓаат 30 метри од човекот, тврди Барт Кнолс, биолог кој студира комарци.

„Секое лице ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 ги има во здивот“.

Тие се привлечени од мирисот на кожата

Мирисот на кожата на кој реагираат комарците зависи од нивниот вид. Жолтите комарци и тигрестите комарци реагираат на млечна киселина, а видовите Анофеле се привлечени од масни киселини, тврди Кнолс. Мешавината на хемикалии и мириси всушност зависи од вас. Шминка, козметика, исхрана, pH на кожата… Сите овие нешта создаваат мешавина од хемикалии, така што вашиот мирис всушност зависи од вас и од тоа што користите и јадете. Постојат различни теории зошто лицето е попривлечно за комарците, а многумина велат дека тоа е затоа што тие имаат „слатка“ крв. Некои исто така веруваат дека земањето Б витамини и лук ги прави луѓето помалку привлечни за овие инсекти. Кнолс вели дека нема доволно докази за тоа.

Прочитајте и: Оваа состојка од кујната е одлична за чистење на лицето, но и против убод од комарец

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.