Направи сама: Средство за чистење за бања од само три состојки

Средствата без хемикалии секогаш се бараат и се препорачуваат за домови каде поминувате најмногу време, па подолу ви донесуваме рецепт за средство за чистење на бања.

Шантел Мила, млада мајка од Мелбурн, откри на социјалните мрежи како лесно и брзо да направите чистач за бања дома – и ви требаат само три состојки.

Сè што треба да направите е да измешате една чаша топол бел оцет со две лажици детергент за миење садови и четири капки масло од чајно дрво – во едно шише со спреј.

Шантел препорачува прво да го загревате оцетот во микробранова печка неколку секунди бидејќи полесно ќе се вклопи со останатите состојки. Испрскајте ја бањата – кадата или тушот, тоалетната шолја и мијалник – почекајте десет минути и избришете со крпа. Оцетот ќе ги отстрани непријатните мириси и дамки, детергентот ќе ги отстрани нечистотиите, а маслото од чајно дрво спречува формирање мувла.

Прочитајте и: Вашето дете црта на каучот? Без грижа, сѐ што ви треба е лак за коса

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.