Вашето дете црта на каучот? Без грижа, сѐ што ви треба е лак за коса

Со деца, секогаш ризикувате нови изненадувања, па веројатно многу пати сте се сретнале со шарени кревети, sидови и слично. Но, пред да ја фатите главата и да започнете да размислувате за купување нов мебел, пробајте го овој трик со лак за коса.

Ако децата го нацртале каучот со пенкало, немојте веднаш да се лутите и да бидете нервозни, туку пробајте ја финтата на „тиктокерика“ Лајс Елизабет. На видеото објавено од Лајс, таа покажува линија направена со пенкалона каучот, а потоа го прска со лак за коса и го остава да се исуши неколку минути. Потоа, зема влажна крпа, брише дел од материјалот – и нема дамки!

Нејзиното видео брзо стана хит, а многумина беа импресионирани од овој трик. „Tреба да цртам на својот кауч само за да го испробам овој трик“, напиша едно лице. Имаше и фризер кој рече дека секогаш користат лак за коса кога прават дамки на облеката со боја или некои други средства кои тешко се отстрануваат.

Прочитајте и: Направете природни средства за чистење во домаќинството и заштедете пари

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.