Интересно: Како да заштедите од потрошувачката на тоалетна хартија

Во една група на Фејсбук, штедлива мајка од Австралија сподели трик како да заштедите, верувале или не, на тоалетна хартија. Колку некому да изгледа смешно, нејзиното видео доби многу позитивни коментари и поддршка од жени од целиот свет.

Таа во видеото навела дека тоалетна хартија во нејзиниот дом се троши со неверојатна брзина, најмногу заради децата кои немаат контрола кога ја користат. Можеби повеќето од вас на почетокот помислиле на сапун за раце или намирници, но тоалетна хартија во никој случај.

Оваа штедлива мајка ви предлага да земете ролна хартија и пред да ја ставите на држачот, притиснете ја со рака за да ја „израмни“ малку. Така, штом биде на држачот, ќе биде потешко да се тркала, па семејството, особено децата, нема да потрошат голема сума залудно. Додека таа не го очекуваше тоа, многу родители одговорија со коментар на објавата и рекоа дека овој трик е потребен. „Ќерка ми секогаш влече премногу хартија и голема количина паѓа на подот. Така ќе спречам да не се повтори“, напиша една жена.

Прочитајте и: Практични совети: Со овие трикови ќе избегнете дамки од дезодоранси на облеката

 

ФОТО: Guliver/ThinkStock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.