Практични совети: Со овие трикови ќе избегнете дамки од дезодоранси на облеката

Сигурно ви се случило безброј пати да ви останат дамки од дезодоранси на облеката и безуспешно да се обидете да ги отстраните, за на крај вашето омилено парче облека да заврши во ѓубре. Но, добрата вест е дека има решение и за овие проблеми, затоа еве неколку практични трикови за отстранување на жолто-бели траги на облеката.

На пример, можете да избегнете бели дамки со добро протресување на производот пред да користите антиперспиранти, така што алуминиумот хлорохидрат (што предизвикува бели траги) да се распредели рамномерно на шишето и кожата.

Од друга страна, потта во комбинација со алуминиум хлорохидрат може да предизвика жолти дамки. Иако ова може да биде под влијание на различни фактори; од фреквенцијата и количината на примена, фреквенцијата на менување и перење алишта, индивидуалниот состав на материјалот, па дури и пропорцијата на бакар во водата во која ја миете облеката, лесно ќе го избегнете проблемот доколку користите дезодоранси и антиперспиранси кои не содржат алуминиум хлорохидрат.

Почекајте производот да се исуши на кожата пред да се облечете.

Ако, сепак, забележите бели и жолти дамки на облеката и покрај овие совети, ќе ги отстраните со тоа што прво ќе ја исплакнете облеката во ладна вода пред да ја измиете. Жолтите дамки може да се отстранат и со натопување на облеката во концентрат за детергент преку ноќ пред миење во машината. За тврдоглави дамки треба да се натопуваат 24 часа во 5% лимонска киселина. Важно е да ја исплакнете облеката со вода пред да ја измиете!

Прочитајте и: 5 есенцијални масла кои можат да ви помогнат да лекувате непријатен мамурлак

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.