И во домашна изолација може да добиете коронавирус: Еве на што мора да обрнете особено внимание!

Внимавајте

Фото: Илустрација

Дури и ако сте во изолација, лесно можете да добиете коронавирус

9. Водата не е доволна

Докажано е дека миењето раце само со вода нема ни приближно дејство во спречувањето на ширењето заразни болести. Миењето раце со сапун и вода доведува до растопување на маснотиите и нечистотиите што ги носат повеќето микроорганизми. Рацете треба да се мијат околу 30 секунди. Најпрво треба да ги натопите, па потоа да ставите сапун, добро да ги протриете дланките за да го исчистите просторот меѓу прстите. Потоа, со кружни движења треба да поминете низ дланката и горната површина на рацете. Ноктите треба да ги скратите, бидејќи под нив може да се насоберат нечистотии, бактерии и вируси.

10. Како рацете ја пренесуваат заразата

Со нашите раце допираме практично се’, со нив се ракуваме, допираме пари, фаќаме кваки, држиме рачки во автобуси… Да земеме за пример личност која има дијареја, а не ги измие добро рацете по одење во тоалет. На нејзините раце лесно може да стигнат микроорганизми од столицата. Потоа дел од тие микроорганизми остануваат на површините што личноста ќе ги допре: на бравите, на рацете на други луѓе, на тастатурата, на рачките во автобус. Ако таа личност, на пример, сечка зеленчук за салата, на неа исто така ќе прејдат микроорганизмите.

Уште подобар пример се болестите што се пренесуваат преку воздухот, како грипот. Личноста што има грип, со кашлање и кивање шири вируси во својата околина, кои на крајот завршуваат на разни површини: на подови, столчиња, мебел. Кога здрава личност ќе допре со раце некоја од тие загадени површини, ги пренесува вирусите на своите раце, а потоа допирајќи ги очите, носот или устата, се заразува и себеси.

11. Ако сте повозрасни од 60

Тедрос Адхан Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација, апелирал до сите постари луѓе од 60 години да останат дома. Се препорачува најпрво контактирање на доктор преку телефон ако на лицето му треба рецепт или совет. Луѓето на возраст од 60 години или оние што имаат некоја хронична болест, се изложени на поголем ризик од развој на потежок облик на КОВИД-19.

12. Кога треба да се посомневате дека сте заразени?

Треба да бидат задоволени следниве критериуми:

  • Пациентот покажува знаци и симптоми на акутна респираторна инфекција (ненадеен почеток на барем едно од следново: кашлица, зголемена телесна температура, отежнато дишење) и не може да се објаснат симптомите на друг начин и патувал или престојувал во земја со локална или раширена трансмисија на болеста, 14 дена пред почетокот на болеста;
  • Пациент со кој било симптом на респираторна болест кој 14 дена пред почетокот на симптомите бил во близок контакт со болен кој е класифициран како веројатен или потврден случај на КОВИД-19;
  • Пациент со тешка акутна респираторна инфекција – зголемена телесна температура и барем еден од знаците на респираторна болест (кашлица, отежнато дишење), која изискува хоспитализација, а која не може да се објасни на друг начин.

Општи мерки за заштита:

  • Редовно мијте ги рацете со сапун и со вода или користете дезинфициенс на база на алкохол.
  • Во автомобилот или во џеб чувајте дезинфициенс, најдобро на база на алкохол (60 или 70%)
  • Кога кашлате и кивате, покријте ги устата и носот со марамче, а потоа флрете го во корпа за отпадоци и измијте раце.
  • Ако други луѓе кашлаат и киваат, а не ставаат рака на уста, предупредете ги.
  • Одбегнувајте ракување, бакнување и каков било близок контакт.
  • Одбегнувајте близок контакт (одржувајте дистанца од најмалку еден метар, по можност и два) со сите луѓе, особено со оние што имаат симптоми на инфекција на дишните патишта, односно кои имаат најмалку еден од следниве симптоми: зголемена телесна температура, кашлица, болка во грлото и отежнато дишење.
Места и предмети на кои е возможна поголема појава на вирусот
  • Продавници
  • Шалтери (полиција, банки, државни и локални самоуправи)
  • Такси
  • Аптеки
  • Домови за здравје
  • Старечки домови
  • Болници
  • Рачки во згради
  • Кваки
  • Волан на возила
  • Паричници
  • Клучеви
  • Мобилни телефони
  • Облека и обувки (ако сте биле на јавно место)
  • Амбалажа од продавница.

Јодот е најмоќното природно средство против вируси: Вака ги убива сите патогени за 90 секунди!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.