Мажот сакал на ќерката да ѝ го даде името на неговата мајка, но сопругата не дозволила: „Нема шанси, еве зошто!“

На чија страна сте?

„Ја сакав неговата мајка, но сепак не дозволив“

Иако тоа би требало да биде најубавата работа на светот, за голем број родители, изборот на името за нивното дете се претвора во вистинска мака, особено ако тешко наоѓаат компромис и имаат влијанија од страна.

Токму ова е приказната на една анонимна мајка која на еден форум за родители се пожалила дека сопругот ѝ префрла поради тоа што не му го дала на детето името што тој го сакал.

И додека повеќето парови на крајот некако се согласуваат околу името, во нивниот случај тоа не било така, туку мајката сама го одредила името и го пријавила. Сега нејзиниот сопруг се лути што го довела пред свршен чин, тврдејќи дека тоа што го направила е чиста манипулација за да го прифати името што таа го сакала.

Во својата објава објаснила дека мажот сакал детето да го носи името на неговата покојна мајка, но таа го одбила со аргументот дека тоа име е старомодно. Му кажала дека името можат да го додадат како средно име на девојчето. За време на целата бременост се расправале секогаш кога ќе се спомнела таа тема, но никогаш не дошле до завршница.

Иако многу ја сакав неговата мајка, тоа име ми звучеше како да е за баби. Му кажав дека ја сфаќам сентименталната вредност на тоа име, но дека не ми се допаѓа како име за нашата ќерка. Му предложив да го искористиме како средно име со желба за компромис, но тој се налути и не се согласи.

Без разлика кое име ќе му го предложев, од класични до модерни, па дури и прекарот на неговата мајка, тој одбиваше – не беше тоа што тој го сакаше.

Кога се породив, секако дека бевме пресреќни. Повторно го спомна името на мајка му, но јас само молчев. Подоцна, кога ме прашаа како се вика девојчето, одговорив Лили (што не е името на мајка му), а кое тој го сакаше како средно име.

Со оглед на тоа што подоцна и тој требаше да се потпише, видов дека врие од бес. Му кажав дека му дадов доволно време да се договориме и дека имаше можност да одбере нешто друго. Поминаа шест месеца од тоа и тој ја вика Лили, но постојано ми префрла што сум го довела пред свршен чин и тоа им го кажува и на други луѓе. Како никогаш да не ќе ми прости. Го прашав зошто е тоа поинаку од она што тој мене се обиде да ми го направи, покрај целата хормонална бура на бременоста и по породувањето. Е, сега, кажете ми вие, кој е лошиот во оваа ситуација?“, напишала мајката.

„Ако еден од родителите стави вето на некое име, тогаш тоа не е повеќе опција и барајте друго за кое ќе се согласите и двајцата. И покрај семејната традиција, името на детето треба да биде нешто за кое и двајцата се согласувате“, напишал еден корисник.

Друга, пак, рекла: „Ако името навистина е старомодно, не си ти лошата. Замисли да мораш цел живот да ја викаш по име што не ти се допаѓа.“

Што мислите вие? Дали сте поминале низ слична ситуација? На чија страна сте?

Џејми Оливер: „Ако на вашето дете му го давате ова, вие свесно го труете!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.