Кога воспалението на белите дробови станува фатално: Оваа група на луѓе е најизложена на ризик!

Една од последиците на коронавирус

Секоја година има околу 200 милиони случаи на вирусно воспаление на белите дробови (пневмонија)

Пневмонија (воспаление на белите дробови) е релативно вообичаена болест што може да му се случи секому, но некои луѓе се изложени на поголем ризик поради староста, здравствената состојба и начинот на живот.

Истражувачите од Универзитетската болница Турка во Финска и Универзитетот Отаго во Нов Зеланд разговарале за неколку причини на вирусни воспаленија на белите дробови и за тоа на кој начин оваа инфекција е поврзана со другите респираторни болести, како што е тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) и птичјиот грип Х5Н1

Во повеќето случаи, воспалението на белите дробови е благо и луѓето лесно оздравуваат во рок од една до три недели. Меѓутоа, новороденчињата, децата и возрасните постари од 65 години имаат поголем ризик од развој на тешко воспаление на белите дробови од другите. Луѓето од оваа група често трпат компликации опасни по живот поради недоволно развиен или ослабен имунолошки систем.

Што е вирусно воспаление на белите дробови?

Пневмонијата е вирусна или бактериска инфекција на белите дробови која предизвикува воспаление на алвеолите. Во повеќето случаи, телото лесно може да се избори со патогените што ги иритираат белите дробови. Тој одговор на организмот покренува разни симптоми што личат на настинка, како што се зголемена температура, треска, отежнато дишење, упорна кашлица, мачнина, замор и губење на апетитот. Меѓутоа, изобилството на патогени може да го преплави имунолошкиот систем на телото и да предизвика потенцијално опасни симптоми. Поединци со сериозна пневмонија може да имаат отежнато дишење, болка во градите и многу висока температура.

Пневмонијата е релативно вообичаена болест што може да му се случи секому, без оглед на возраста. Меѓутоа, некои луѓе може да бидат поризични од другите поради староста, постоечките проблеми со здравјето, начинот на живот и опкружувањето. На пример, новороденчињата и малите деца се изложени на висок ризик од воспаление на белите дробови, бидејќи нивниот имунитет се’ уште не е целосно развиен. Возрасните постари од 64 години исто така се изложени на поголем ризик, поради ослабениот имунолошки систем.

Според податоците на Светската здравствена организација, годишно се бележат 156 милиони случаи на воспаление на белите дробови кај децата помлади од пет години. Освен тоа, случаите на воспаление на белите дробови се почести во земјите во развој одошто во развиените региони.

Во меѓувреме, имунокомпромитираните поединци, како оние со постоечки белодробни, кардиоваскуларни или некои други хронични болести, исто така се под поголем ризик од сериозно воспаление на белите дробови.

Кога пневмонијата станува фатална?

Според истражувачите, одредени вируси и респираторни инфекции можат да ги влошат симптомите на воспаление на белите дробови. На пример, фаталното воспаление на белите дробови кај постарите луѓе е поврзано со риновирусот, кој претежно е виновникот за настинка.

Пневмонијата е тесно поврзана и со вирусните инфекции како коронавирус, вирусот САРС, птичјиот грип А и пандемискиот грип А.

За време на борбата со вирусот САРС во 2003 година, експертите забележале дека инфицираните поединци покажуваат симптоми на тешко воспаление на белите дробови. САРС заразил повеќе од 8.000 луѓе ширум свет и предизвикал 774 смртни случаи. Од друга страна, птичјиот грип заразил повеќе од 450 луѓе во текот на 2002 година. Вообичаените симптоми на птичји грип вклучувале откажување на повеќе органи и тешка пневмонија која на крајот преминувала во акутно откажување на дишењето. Грипот од тип Х1Н1 во 2009 година заразил повеќе од 59 милиони луѓе само во САД, а предизвикал 18.000 смртни случаи, како последица на пневмонија и акутен белодробен респираторен синдром.

СЗО проценува дека од воспаление на белите дробови годишно умираат околу четири милиони луѓе. Во 2008 година, 1,6 милиони деца помлади од пет години умреле од воспаление на белите дробови.

Меѓутоа, воспалението на белите дробови е почесто во земјите во развој поради недостиг на пристап до медицинска нега. Децата и постарите луѓе во таквите земји се изложени на поголем ризик од развој на тешка, па дури и потенцијално фатално воспаление на белите дробови.

Пневмонијата и понатаму е една од главните причини за смрт на мали деца, особено на кои живеат во земји во развој. Пневмонијата е тесно поврзана со разни микроорганизми и вируси, за кои се покажало дека предизвикуваат тешки и опасни по живот симптоми кај послабите поединци.

Меѓутоа, изборот на здрав начин на живот може да помогне во намалувањето на ризикот од воспаление на белите дробови, како што е балансираната исхрана богата со хранливи состојки што го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Ќе ви ги прочистат белите дробови од насобраните токсини со неверојатна брзина: Овие намирници треба да ги јадете секој ден!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.