Феноменален трик на искусните цвеќари: Ставете го ова на дното на саксијата и ниедна билка нема да ви овене!

Пробајте!

Со овој трик цвеќињата секому му успеваат

Ако се прашувате зошто некому буквално секое цвеќе му успева и му цути како лудо, а вам не ви оди тоа од рака, го имаме одговорот. Тајната е во овој мал трик.

Овој трик го користат дури и професионалните цвеќари. Сè што ви треба е хартиен филтер за кафе. Се покажало дека многу се корисни за билките, а еве како се користат:

Ставете хартиен филтер на дното на саксијата, помеѓу земјата и одводниот отвор за саксијата, каде што обично минуваат водата и нечистотиите. Кога ќе го направите тоа, филтерот ќе ја пропушти водата, а ќе ја задржи нечистотијата.

Како ќе влијае тоа врз подобриот раст на билките?

Многу често нечистотијата ги затнува отворите, а тоа го спречува испуштањето на вишокот вода, но и протокот на воздух. Тоа може да предизвика пропаѓање на коренот на билките и да доведе до нивно овенување.

Со оглед на тоа што добро впиваат, ќе ја задржат влагата секогаш кога ќе го полевате цвеќето. Нема да има премногу влага за да скапа коренот, туку токму колку што треба. Па така, доколку користите филтери за кафе, нема да морате толку често да ги полевате билките.

Поради овие грешки собното цвеќе брзо ви венее иако редовно го полевате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.