Највкусниот и најкрцкавиот печен компир што некогаш сте го пробале: Тајната е во оваа необична состојка!

Нема да можете да престанете со јадење

Испробајте го овој генијален кулинарски трик, ќе бидете воодушевени!

Нутриционистката Лаура Форд од Мелбурн на социјалните мрежи споделила кулинарски трик за совршено крцкав и вкусен печен компир. Клучот е во една состојка што никогаш не би ви паднала на памет да ја додадете во компирот.

„Овој печен компир ќе ви предизвика вистинска зависност. Совршен баланс на слатко и солено со крцкави крајчиња. Едноставно нема да можете да престанете да го јадете“, напишала Лаура во својата објава.

Состојки:
  • 2 кг црвен компир
  • 2 лажици маслиново масло
  • 50 г путер
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • 1-2 лажици мед
Приготвување:
  • Сварете лонец вода и додајте го компирот, па варете го 4-5 минути додека омекне, но не мора да биде готов.
  • Додека компирот се вари, загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Ставете маслиново масло и путер на хартија во сад за печење и потпечете го 2 минути додека се стопи путерот.
  • Додајте го исцедениот компир и измешајте го со маслото.
  • Зачинете, посолете и забиберите.
  • Внимавајте компирот рамномерно да се распореди и да не се преклопува.
  • Печете 30 минути, а потоа превртете го и печете го уште 25-30 минути додека стане крцкав.
  • На крај, сипете мед врз врелиот компир и украсете го со свежа мајчина душица.
При подготвувањето компири, ова се трите најчести грешки што ги правиме
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.