Поради овие грешки собното цвеќе брзо ви венее иако редовно го полевате!

И цвеќето страда

Сончевата светлина влијае врз биоритамот на билките

На луѓето и животните биоритамот им го диктира времето кога би требало да јадат или да одат на спиење, но дали сте знаеле дека и билките имаат свој внатрешен биолошки часовник, барем според сознанијата до кои се дошло во Германија.

Биолошкиот часовник предизвикува низа биолошки ритами во одреден период, дефинирани како потребно време за да се заврши еден циклус од 24 часа, колку што ѝ треба на Земјата за да се сврти околу својата оска.

Бликите разликуваат ден и ноќ

„Билките знаат кога е ден, а кога е ноќ врз основа на нивоата на шеќер кои ги содржат“, вели Франк Вернер од германското здружение за украсни билки.

Шеќерот се произведува со фотосинтеза, а на билките им треба сончева светлина за да го остварат тој процес.

И билките имаат свој внатрешен, биолошки часовник, кој диктира кога би требало да ги отворат а кога да ги затворат своите латици. Постоењето на биоритамот е потребно за билките да се подготват за ноќта, кога треба да ја апсорбираат светлосната енергија, но и за остатокот од денот кога може да се одвива фотосинтеза.

Не ги преместувајте цвеќињата

Моментот на заоѓање на сонцето е времето кога билките ги затвораат своите светови. Многу луѓе грешат преместувајќи го своето цвеќе на некое друго место, со што го нарушуваат неговиот внатрешен часовник, па како резултат на тоа, билката побавно расте.

Затоа, Вернер препорачува во текот на одгледувањето билки да не го нарушувате нивниот биоритам, бидејќи само така тие ќе созреваат на време.

Посилни и побезбедни од кој било пестицид: Избркајте ги мувите, комарците и мравките со помош на овие моќни билки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.