Дали и вие го цедите лимонот, па ја фрлате кората?! Каква грешка!

Кората од лимон е многу корисна

Не фрлајте ја лимоновата кора! Постојат 5 силни причини за тоа…

Ако и вие како повеќето луѓе ја фрлате кората од лимон откако ќе го исцедите, треба да знаете дека правите голема грешка. Кората од лимон може да се искористи на многу начини, но што е најважно, таа е многу побогата со витамин Ц од исцедениот лимонов сок!

Доволно е да направите споредба помеѓу 100 г сок и 100 г лимонова кора – кората има 3 пати повеќе витамин Ц, 1,5 пати повеќе калиум и дури 22 пати повеќе калциум!

Секако, пред да ја искористите лимоновата кора, водете сметка лимонот да е од органско потекло и да не биле користени пестициди при неговото одгледување.

Ви предлагаме 5 начини на користење кора од лимон:

Декорација за колачи

Ова го правеле и нашите мајки. Изрендајте ја кората и ставете ја како декорација. Освен што изгледа одлично, дава одличен шмек.

Отстранување бигор

Сипете вода во садот од кој сакате да го отстраните насобраниот бигор и ставете ја кората. Варете 15 до 20 минути на тивок оган. По зовривањето, вашиот сад ќе биде чист, а целиот дом ќе мириса на лимон.

Освежувач на домот

Кога сме кај мирисот, варете кори од лимон на тивок оган 15-30 минути, а по желба, во водата можете да додадете неколку капки етерично масло или зачини, како што се анасон или цимет. Домот ќе ви замириса фантастично, а зовривањето можете да го повторите неколку пати во текот на денот.

Чистење штици за сечкање

Измешајте лажиче сода бикарбона со малку вода или лимонов сок и добиената смеса нанесете ја на штицата, па добро истријте со лимонова кора. На сличен начин можете да исчистите и разни дрвени површини.

Спреј за дезинфекција

Во сад со капак сипете 2 чаши дестилирана вода и додајте лимонова кора и десетина капки етерично масло со антибактериско дејство (лаванда или чајно дрво). Поклопете го садот и оставете го да отстои неколку часа (може и преку ноќ) а потоа исцедете ја смесата и сипете ја во прскалка. Спрејот можете да го користите за сите работни површини, а спрејот е 100% природен и безбеден за деца.

Сите ја фрлате кората од лимон, а не би требало: Ако ја искористите во овие јадења, ќе го добиете најдобриот вкус!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.