Сите ја фрлате кората од лимон, а не би требало: Ако ја искористите во овие јадења, ќе го добиете најдобриот вкус!

Одличен совет

Кога ќе ги прочитате овие кулинарски совети како на најдобар можен начин да ја искористите кората од лимон, никогаш повеќе нема да ја фрлате

Лимонот е најдобар извор на витамин Ц, кој го чува здравјето и имунолошкиот систем, што во овој период на коронавирус е пресудно за нас.

Но кога ќе го исцедиме лимонот и ќе направиме лимонада, обично ја фрламе кората. Тоа е голема грешка!

Имено, кората од лимон може да ни биде од голема корист во приготвувањето одредени јадења…

Тестенини

Лимоновата кора и тестенините одат заедно. Можете да ја додадете во се’, од едноставен сос за шпагети до паста со морски плодови.

Најважно е кората од лимон да ја додадете на крај за да добиете препознатлив вкус. Можете дури и да ја изрендате врз секој оброк, како пармезан.

Колачи

Малку кора од лимон може многу да придонесе за вкусот на колачите. Исто како солта, прстофат лимонова кора, ќе го засили единствениот вкус кој веќе е присутен.

Дури и ако не пишува во рецептот, може да додадете лажица или две лимон, лимета или портокал во речиси секој сладок леб, мафини и колачи.

Сос

Лимонова кора може да додадете како во домашниот, така и во купечкиот мајонез и така да го разбудете неговиот и онака богат вкус. Може да ја додадете и во разни сосови кога приготвувате јадења како пилешко месо и морски плодови.

Ви даваме и неколку насоки за рендање кора од лимон:
  • Задолжително измијте го лимонот и исушете го пред да почнете да ја рендате кората. Доколку за рецептот ви треба и кора и лимонов сок, најпрво изрендајте ја кората, па исцедете го лимонот. Поради горчината, одбегнувајте го белиот, внатрешен дел на кората, кој го одвојува надворешниот жолт дел од самиот плод.
  • Откако ќе го направите тоа, можете да го приготвите омилениот оброк.

Пробајте го овој рецепт за пудинг од лимон од рерна – сочно совршенство со крцкава кора.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.