Ќофтиња и шпагети на италијански начин: За 15 минути ќе имате ручек на маса!
Врвен вкус
Време е со помош на сетилото за вкус да заминете за Италија
Состојки:
- 2 колбаси
- маст
- 2 чешниња лук
- 1 чаша црвено вино
- 2 лажичиња песто-сос
- 2 лажичиња неутрална павлака
- вода
- 100 г талјатели
Приготвување:
Излупете ги колбасите, земете ги парчињата и формирајте ќофтиња од нив. Пржете ги на маст и при крај додајте лук и чаша вино, па песто-сос и неутрална павлака.
Во зовриена вода ставете ги талјателите или некои други тестенини, сварете ги, па измешајте ги со ќофтињата и со сосот.