Жената родена во овој знак е чиста енергија: Таа лета таму каде што удираат громови

Живее во својата глава, но има огромно срце

Зад ладната самоувереност и изглед на диво дете, таа е исплашена и ранлива

Громот удира, небото се расчистува и таа се појавува, со цвеќиња во косата и со мали тиркизни топчиња нанижани околу вратот.

Нејзиниот долг фустан се лее на ветрето, а таа го вдишува воздухот и се подготвува за лет.

Чувствува дека светот е ширум отворен, сочен и полн со можности, баш онака како што таа сака. Гласно се смее, потскокнува и минува по улицата.

Таа е потполно безгрижна додека ги држи вратите на судбината во нејзините чувствителни раце.

Таа е жената Водолија.

Како може да се движи толку лесно?

Како може да се грижи толку длабоко?

Таа е контрадикција во движење.

Таа е дружељубива пеперутка и осамена волчица.

Таа е алтруист и бунтовник без причина.

Таа е луд научник и вибрирачка топка од емотивен хаос.

Живее во својата глава, но има огромно срце.

Таа е топла.

Таа е ладна.

Таа е овде.

Таа е тука.

Таа е бесна, дива, тврдоглава како пекол, силна и несопирлива.

Да, таа е светла и прозрачна.

Таа е чиста енергија.

Таа е како молња, торнадо, силен импулс на електромагнетна енергија.

Таа не е шега.

Таа целосно ќе се промени во дел од секунда, ќе ги покаже своите необични крилја и ќе полета во ветровитиот вртлог.

Ќе се осмели ли некој да помисли дека ја поседува?

Ќе се осмели ли некој да се обиде да ја задржи?

Таа никогаш нема да остане во кафезот на животот, дури и ако мора да се бори за слобода.

Таа е родена за свежото ветре и го знае тоа.

Таа е чиста енергија.

  • Таа ќе излезе надвор и ќе танцува, тонејќи во солзите кои и’ го натопуваат цветниот фустан.

Ги затвора очите и ги голта солзите како хранлив нектар од манго.

Таа знае дека болката, тагата, шокот и неуспехот се потребни како воздух и инспиративни како уметноста.

Таа не се плаши од самотијата и тргнува на самостојни авантури, ширејќи ги своите широки крилја, вдишувајќи го свежиот планински воздух и солените средби со сонцето над морето.

Таа е мудра жена, мистериозно битие, интригантна фатаморгана, постојано во движење, секогаш толку недостижна.

Но – зад ладната самоувереност и изглед на диво дете, таа е исплашена и ранлива.

Таа потајно е осамена волчица во потрага по некој кој ќе ја цени нејзината неконвенционална, слободна душа.

Таа ќе најде сопатник авантурист и ќе доживее прекрасна љубов, како ветровита планинска ливада осветлена од сончевите зраци, поросена со светли диви цветови полни со мед.

Таа ќе љуби страсно и необично, слободно и безусловно.

Но таа секогаш, пред сè, ќе биде своја жена.

Таа нема да му припаѓа никому.

Бидејќи така е одредено.

Таа му припаѓа на ветерот на молскавичното ноќно небо, на френетичното пулсирање на срцето на целиот свет.

Таа му припаѓа на Млечниот пат и на чудните циркуски песни и на шокантните моменти на откровение.

Таа е родена да лета таму каде што удираат громови.

Таа е чиста енергија.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време