3 салати што најдобро одат со скара, а една од нив е одлична и за мамурлак: Се приготвуваат за 5 минути и вкусот е феноменален!

Вкусни рецепти

Задолжително пробајте ги!

Ви предлагаме рецепти за 3 прекрасни салати кои совршено се комбинираат со скара, па затоа се идеален избор за првомајските празници.

Бела салата со тестенини

Состојки:

  • 500 г тестенини (школки, панделки или поситни макарони)
  • 300 г шунка
  • 100 г печеница или сув врат
  • 150 г сирење или кашкавал
  • 3 варени јајца
  • 500 г печурки
  • 10 кисели краставички
  • 2 дл кисела павлака
  • 250 г јогурт
  • 100 г мајонез
  • 1 лажица свежо оригано
  • 1 лажиче бел бибер
  • сол по вкус

Приготвување:

Сварете ги тестенините во посолена вода, процедете ги и изладете ги со млаз ладна вода, па добро исцедете ги. Пригответе прелив од павлака, јогурт и мајонез, зачинете по вкус и додајте ги топлите тестенини. Продинстајте ги сечканите печурки на малку путер. Исечкајте ги шунката и сувиот врат на коцки. Крупно изрендајте го сирењето. Исечкајте ги варените јајца и краставичките на коцки. Сето тоа додајте го во тестенините и убаво измешајте. Ставете ја салатата во фрижидер за да се олади добро пред послужување.

Салатата треба да е сочна. Имајте предвид дека тестенините ќе ги впијат соковите од салатата, па затоа секогаш треба да додавате јогурт (ако сакате покиселкаст вкус) или неутрална павлака пред послужување

Салата против мамурлак

Состојки:

  • 2 моркова
  • 1 корен од рен
  • 1 целер
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 шолја јаболков оцет

Приготвување:

Исчистете го зеленчукот и ситно изрендајте го, измешајте го, па прелејте го со лажица маслиново масло и шолја јаболков оцет. Јадете ја веднаш.

Сафари-салата

Состојки:

  • 100 г мајонез
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица рен
  • 2 лажици кечап
  • магдонос
  • ворчестер сос (по избор)
  • лимонов сок
  • 1 чешне лук (ситно рендано)
  • 1 лажица виски
  • 200 г печеница или бело месо или шунка

Приготвување:

Сите состојки, освен сувомеснатото, со маталка убаво се соединува во компактен сос. Меснатиот дел или се сечка на коцки или се иситнува во блендер, па се додава во сосот. Послужете ја со потпечен леб.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.