Пророк ѝ ја предвидел судбината: Не верува во Бог, живее како девојка, но не може да ги скрие трагите од староста

Неверојатен живот на познатата актерка

Актерката на која пророк ѝ ја предвидел судбината, Хелен Мирен, има многу успешна кариера зад себе

Ретко кој знае дека холивудската легенда Хелен Мирен, всушност, е родена како Јелена Васиљевна Миронова. Татко ѝ бил Русин по потекло, а мајка ѝ била Англичанка. Живееле скромно и строго, почитувајќи ги вредностите што татко ѝ ги наследил од неговите родители: образование, ред и одговорност.

И покрај тоа што има 78 години, се труди да го доведе својот изглед до совршенство, но не може да ги скрие трагите од староста и тешкиот живот.

Уште кога била млада актерка, еден индијански пророк ѝ предвидел голема слава, но дури по 40-тата година. И навистина, на почетокот на 1990-тите години, Хелен станала планетарно позната и тоа не благодарение на театарот или филмот, туку на телевизијата.

Улогата на полициската инспекторка Џејн Тенисон во мини-серијата Prime Suspect ѝ донела бројни признанија, а успехот кај публиката ги натерал продуцентите да снимат дури седум продолженија. Не треба да се зборави ни нејзиното брилијантно толкување на Елизабета Прва во истоименото дводелен ТВ-филм.

Била повеќе од успешна во кариерата, но токму тоа се одразило на нејзиниот приватен живот. И покрај тоа што во младоста била една од најубавите актерки, не сакала да се мажи, а интересно е што дури на 52 години првпат стапила во брак.

Се омажила за долгогодишниот партнер Тејлор Хекфорд, а пред него била во врска со 7 години помладиот Лиам Нисон, со кого била 4 години во врска. Никогаш не сакала да роди деца, бидејќи смета дека нема мајчински инстинкт.

„Немам ништо против бракот, ниту им замерувам на луѓето кои влегуваат во брачна заедница, но не гледам некоја предност на тоа во споредба со неформалниот партнерски живот. Можеби е поинаку кога луѓето размислуваат за деца, но јас сум многу нетипична во врска со тоа. Имено, јас немам, ниту некогаш сум имала мајчински инстинкт. Не сакам деца. Во мојот систем на вредности тие само би ми ја ограничиле слободата“, вака зборувала Мирен, а овој став за децата ѝ останал ист до денес.

Интересно е и што неколку пати истакнала дека не верува во Бог, но затоа од мали нозе верува во суштества, како што се самовилите и вилениците.

Додека била млада, обожавала ноќни забави, а и покрај тоа што ја гази осмата деценија, се труди да си овозможи добра забава и одмор. Исто така, без двоумење покажала како изгледа една жена на плажа која е полна со самодоверба.

„Моите 40-ти беа добри. 50-тите беа одлични. 60-тите се фантастични. А 70-тите се проклето феноменални!“, рекла Мирен во една пригода и им испратила јасна порака на сите жени кои се плашат од староста.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.