Најпознатата љубовница открива како да го задржите мажот: „Ако му ги исполните овие фантазии, никогаш нема да замине кај друга“

Што мислите за нејзините совети?

„Најлошите ‘престапи’ во врската што го поттикнуваат партнерот да изневерува е недостигот на комуникација, возбуда и забава во спалната соба“, тврди сериската љубовница

Ејми Капс (33) од Северна Каролина излегува само со женети мажи, па им споделила неколку совети на жените за тоа како да ги спречат своите сопрузи да заминат кај друга.

Таа вели дека секој маж ќе остане верен ако му ги исполните неговите сексуални фантазии, а Капс советува и играње улоги, јавно искажување на интимната наклонетост и отвореност за естетски корекции. Ејми почнала да излегува со оженети мажи откако нејзиниот сопруг ја изневерил.

Поранешната учителка раскажала дека почнала да излегува со мажи во брак откако нејзиниот сопруг ја оставил, а жените ги советува да внесат што повеќе возбуда во спалната соба, без разлика дали тоа подразбира заедничко уживање во порнографија или зголемување на градите за да му се исполни некоја фантазија на партнерот.

„Вашиот партнер ќе остане со вас ако му ги исполните фантазиите во кревет, ви гарантирам. Мора заедно да гледате порнографија, да бидете отворени кон зголемувањето на градите, да ја промените бојата на косата или да облечете нешто што не го носите вообичаено. Бидете секси во јавност, мажите обожаваат самоуверени жени, па покажете понекогаш со што располагате“, вели таа и препорачува играње улоги, облекување костими, секс на јавни места…

„Ризикувајте и бидете возбудливи и никогаш немојте да се плашите од тоа јавно да му покажете наклонетост на партнерот. Дознајте ги неговите фантазии и ќе го задржите засекогаш. Мажите со причина гледаат порнографија, па ако сте барем малку како неговата омилена порно-ѕвезда, сигурно нема да ве напушти“, објаснила таа.

Ејми, исто така, препорачува делење на телефонските лозинки и отворена комуникација кога станува збор за финансиите. Што се однесува до мажите што таа ги опслужува, тврди дека постои листа на највообичаените замерки што ги имаат за своите партнерки.

Таа често слуша: „Мојата сопруга повеќе не спие со мене“, „Си ги сакам децата, но ми ја уништија интимата“, „Мојата сопруга е здодевна и нема време за мене“, „Мојата жена не е сексапилна, не е авантуристички расположена и не сака нови работи.“

„Мажите секогаш ми се доверуваат и 100 отсто од времето станува збор за некоја од тие причини. Најлошите ‘престапи’ во врската што го поттикнуваат партнерот да изневерува е недостигот на комуникација, возбуда и забава во спалната соба. Партнерите што не комуницираат за своите фантазии често се повлекуваат кога би требало да бидат возбудени“, вели Ејми и додава:

„Секогаш треба да најдете време еден за друг, без разлика колку ви е напорен животот, и немојте да се плашите од разузданост во спалната соба или од тоа да повикате трет член за да ви помогне да ги зачините работите“, советува таа.

Сопругот ја изневерил со многу помлада жена. Некое време се чувствувала ужасно, но потоа сфатила дека тој не ѝ е потребен.

„Кога мојот партнер или сопруг повторно би ме изневерил, не би ми било грижа. Самоуверена сум и привлечна. Напорно вежбам и држам диета и, секако, одвреме-навреме одам на естетска хирургија за да ги поправам недостатоците и да си ја подобрам самодовербата. По мојот прв брак толку сум самоуверена што ништо не може да ме сруши“, тврди таа.

Самодовербата, напуштањето на удобната зона и комуникацијата ќе резултираат со среќен, здрав брак, а и малку порнографија не е на штета, порачала таа. Според неа, клучната причина зошто мажите изневеруваат е недостигот од интимност во спалната соба. А ако тоа е случајот, без пардон истакнува дека тогаш жената сама си е виновна, бидејќи не успеала на партнерот да му го овозможи задоволството што му е потребно.

Таа е најпознатата љубовница на светот, спиела со 100 оженети мажи: Дознајте што тие барале од неа?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.