Не прашува за цена: Овој бизнисмен сака да ја освои Наташа Беквалац (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Љубовниот живот на пејачката не престанува да се коментира и предизвикува лавина од реакции.

Наташа Беквалац тврди дека е сингл и дека мажите не се заинтересирани за неа, а тоа трае цели четири години. Но изгледа тоа не е целосно точно…

Имено, неа ја „брка“ црногорски бизнисмен, кој не избира средства да стигне до пејачката и да ја придобие. И додека таа тврди дека нема партнер и дека моментално не ја интересираат романтичните врски, бизнисменот познат по прекарот Едо не прифаќа НЕ за одговор…

Едо има 42 години, никогаш не се оженил и е многу успешен во својот бизнис. Во Црна Гора има градежни фирми. На Ната ѝ фрлил око минатото лето кога ја видел на брегот, тогаш се запознале, но бидејќи бил во врска, не пробал нешто со неа. Сега кога е слободен, подготвен е на се’ за да ја освои. Во мај ќе наполни 43 години и планира да ја ангажира Наташа да пее на неговата прослава. Не прашува колку чини, сака само да дојде.

Навистина е насочен кон тоа и нема лесно да се откаже. Добро изгледа, успешен е, па којзнае, можеби Ната ќе падне на неговиот шарм. Знам дека многу девојки се обидуваат да го освојат бидејќи го сметаат за сериозен казанова. Во полза му е и тоа што досега не бил во врска со пејачка, бидејќи не го интересира популарноста, ниту пак сака на тој начин да се експонира – вели изворот на Paparazzo.rs од Црна Гора и додава:

 

Роденденот му е во мај и неговиот тим ќе стапи во контакт со Наташа за да ја ангажира да настапи. Толку сака Наташа да дојде што забавата ќе ја организира во време што ѝ одговара, не штеди пари само таа да прифати да пее на неговата прослава – заклучува изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.