Тава со месо и макарони

Предлог за вкусен ручек

Приготвување: 30 мин., печење: 40 мин.

Ви предлагаме да приготвите вкусен оброк со мелено месо, кој дефинитивно ќе стане чест дел од вашето мени.

СОСТОЈКИ:

300 г мелено говедско месо

300 г мелено свинско месо

2 лажици лебни ронки

1 јајце

1 лажичка сол

малку црн пипер

2 гранчиња свеж магдонос

1 лажичка мешан сув зачин

на врвот на лажичка лук во прав

250 г макарони

200 г кашкавал

4 лажици маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Сварете ги макароните „ал денте“, измијте ги со ладна вода и процедете ги.
  2. Во подлабок сад, соединете го меленото месо. Додајте лебни ронки, сол, црн пипер и јајце.
  3. Додајте ситно сечкан магдонос, мешавина од сув зачин и лукче во прав. Добро промешајте за да се изедначи смесата.
  4. Ставете алуминиумска фолија врз поголема чинија. Врз неа распоредете го месото со раце, врз месото ставете проѕирна фолија и со сукало развлечете ја смесата во правоаголник со димензии 25х30 см.
  5. Отстранете ја проѕирната фолија, а врз месото распоредете ги макароните. Нарендајте кашкавал врз нив, па со помош на фолијата, завиткајте го месото во ролат. Оставете го половина час во ладилник.
  6. Отстранете ја фолијата, префрлете го ролатот во огноотпорен сад и прелијте го со маслиново масло.
  7. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
  8. Откако ќе се излади, исечете го ролатот на парчиња со дебелина од 2 см и послужете го со салата по желба.

Кувар - Научи и ти да кувас како професионалците

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.