Макарони со мелено месо: Брз и вкусен ручек!

Јадење кое брзо ќе ве засити…

Макарони со мелено месо е едно од најпопуларните јадења во светот со причина. Вкусни се и лесно се подготвуваат.

Колку и да е вкусно и калорично, нема да претерате со ова јадење бидејќи брзо предизвикува чувство на ситост. 

Состојки:

400 гр макарони
500 гр мелено месо (свинско, говедско или мешано)
1 голем кромид
3 чешниња лук
1 китка магдонос
2 лажици доматно пире
250 мл сок од домати
1 лажичка пипер
2 лажици масло
150 гр рендано полномасно сирење или 50 гр пармезан
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Сварете ги макароните во зовриена солена вода, а потоа измијте ги под ладна вода и исцедете ги. Во меѓувреме, направете го сосот. Загрејте го маслото на средна температура и пропржете ги исечканите кромид и лук. Потоа додадете го месото, пиперот и доматното пире. Гответе додека месото не ја промени бојата. Додадете сок од домати и ситно сечкан магдонос. Зачинете со сол и бибер. Оставете го покриено да се динста додека не испари речиси целата течност.
Измешајте ги сосот и макароните и послужете. Макароните посипете ги со рендано сирење или пармезан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.